Vincinni

Производи
 


 

Ние во Макпрогрес доо Виница гордо би сакале да Ви се претставиме и тоа сo нашиот производен асортиман:

Винчини - тортички, ролати, мини ролати, готови торти и кори за торти.

Асортиманот на производи Винчини вклучува разни вариjации на бисквитно тесто полнето со крем или со овошно полнење во форма на ролати, мини ролати, тортички, готови торти како и кори за торта кои служат како подлога за подготвување на домашни колачи и торти.

Во фабриките за производство, се корисат производни линиjи коj се комплетно нови и автоматски со оригинален споj на Данска и Германска технология. Високиот степен на софистицирана технологиjа и хигиена овозможуваат рок на траење од 6 месеци на производите. Сите суровини и готови производи во Макпрогрес, редовно се контролираат во сопствената и овластените лаборатории за контрола на квалитетот. Во фабриката е имплементиран и сертифициран ХАЦЦП системот за безбедна храна коj обезбедува целосна сатисфакциjа каj потрошувачите за сигурност на производите. Во Макпрогрес е воведен и сертифициран и систем за менаџмент so квалитетот ISO 9001:2000

Од самиот почеток па до денес во Макпрогрес постоjано се проширува и надополнува производниот асортиман а наjголема грижа се води за задоволување на потребите на потрошувачите.

Доброто водење на деловна политика, врвниот дизаjн и квалитет на производите како и поволните цени се гаранциjа за развоj и успех за Макпрогрес коj со брендот Винчини е препознатлив каj потрошувачите во повеќе од 20 држави на 5 континенти.




© 2007 Макпрогрес доо, сите права задржани.